Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

The Amazing Spider-Man

Како еден цел серијал од три долгометражни филма да не беа доволни (оние со Tobey Maguire и Kirsten Dunst во главните улоги) па 2012 ќе донесе рестартирање на серијалот. Овој пат своја верзија на ликот од стриповите ќе ни понуди режисерот Marc Webb. Ова ќе биде негов втор филм а негов дебитантски беше (500) Days of Summer кој беше едноставно прекрасен. Е сега, ќе видиме како ќе се покаже во акциониот жанр.

За разлика од претходните три филма, овој се чини почнува некако порано земено хронолошки, уште во детството на Peter Parker па фановите се надеваат дека ќе добиеме повеќе детали за тој период од неговиот живот кои не се добро објаснети ни во самиот стрип. Во трејлерот можеме да го видиме новиот костим како и неколку 3D сцени во прво лице што изгледаат баш одлично.

Во главните улоги се Andrew Garfield и мене омилената Emma Stone. Премиерата е закажана за 3 јули 2012.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.