Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Source Code (2011)

 

Година: 2011
Оригинален наслов: Source Code
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 8 мин.
Главни улоги: Jake Gyllenhaal, Michelle Monaghan, Vera Farmiga, See full cast & crew
Оценка: 7

Некако низ годините целосно изгубив доверба во Jake Gyllenhaal. Така кога стигна филмов намерно го одложував и не сакав да го гледам. Се до денес, и се покажа дека сум грешел што сум постапил така! Source Code е еден од посолидните филмови годинава и заедно со Inception еден од ретките научно фантастични филмови во кои сум можел да уживам во последно време. Грубо речено, во приказната станува збор за владин проект кој опфаќа креирање на кратки секвенци од настани кои се случиле во минатото. Нешто како самостоен паралелен универзум со рок на траење, изграден врз база на нечии минати сеќавања. Но тоа е само еден слој, од една повеќеслојна идеа, со што филмов добива на тежина.

 Истиот момент, но во различни сквенци т.е. различни универзуми

Најмногу ме купи фактот што филмов не е ни адаптација ниту пак некаков римејк, пролог, доработка. Станува збор за сценарио оригинално напишано за филм. Тоа не може да не се почитува бидејќи такви филмови кои истовремено се и солидни има се поретко и поретко. Тројцата главни лика  Jake Gyllenhaal, Michelle Monaghan и Vera Farmiga многу убаво си ја одработеа задачата особено до тој степен што не можам да издвојам некој посебно. Одлично беа и тројцата допринесоа кон општиот позитивен впечаток за филмот.

Приказната си има дупки и недоречености. Особено смета што секвенците од изворниот код кои се повторуваат теоретски треба да траат по 8 минути но во филмско време ниедна не трае точно толку. На моменти тоа е и премногу очигледно. Не ни сакам да тргнам да ја разглобувам теоријата позади самата идеа за Source Code затоа што ќе се наидат на кратери а не на дупки! Сепак, се тоа се простува бидејќи филмот е динамичен, интересен и забавен за гледање. Како цреша на шлагот е тоа што, особено низ крајот, се проткајува една фина порака за одредени општочовечки вредности што му дава допадливо сентиментална нота.

2 јавувања до “Source Code (2011)”

  1. Maja says:

    koj e podobar, The Source Code ili Lincoln Lawyer? i dvata mi gi preporacaa, pa ne znam…?

    • Игор Стојановски says:

      The Source Code има sci-fi елементи и секој момент значи затоа што открива важни елементи од заплетот. Lincoln Lawyer е одличен, класичен, доброо изглумен (правен) трилер со многу фин саундтрак. Ако морам да бирам од двата, вториот ми остави генерално подобар впечаток.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.