<a href='http://movies.msn.com/movies/movie-trailers/?src=SLPl:embed::uuids#/video/f749b83d-e1d0-4983-a918-a9c3914b03c0' target='_new' title=''The Thing' Movie Trailer'>Video: 'The Thing' Movie Trailer</a>
Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

The Thing

Верувам дека на сите љубители на хорор филмови им е познат истоимениот легендарен филм од 1982 на John Carpenter. Но за разлика од верувањето на многу, приказната со вонземјанинот што може да превземе форма на какво било живо суштество не почнува со него. Верзијата на Carpenter самата претставува преработка на филм од 1951 под наслов The Thing from Another World кој пак претставува адаптација на романот “Who Goes There?” од John W. Campbell напишан далечната 1938.

После толку џвакање на една иста приказна и особено по култниот статус на The Thing од 1982 секој здрав би помислил дека тоа е крајот. За жал не е така. Продуцентите на The Dawn of the Dead се решиле да направ нов филм со истата тематика. Приказната во него ги објаснува настаните што се случуваат пред тие ов The Thing од 1982. Нешто како негов пролог. Останува нејасно само зашто се решиле за ист наслов на филмот. Изгледа како чист маркетиншки трик.

Во главните улоги се Mary Elizabeth Winstead, Joel Edgerton и Ulrich Thomsen. Режијата е на непознатиот режисер чие презиме многу потсетува на една марка на пиво, Matthijs van Heijningen Jr. Премиерата во Соединетите Држави е на 14 октомври 2011.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.