Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Dylan Dog: Dead of Night


Година: 2010
Оригинален наслов: Dylan Dog: Dead of Night
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Brandon Routh, Anita Briem, Sam Huntington, See full cast & crew
Оценка: 6

Dylan Dog како еден од најпознатите италијански стрипови, многу популарен и на бившите ЈУ простори, конечно доби и своја официјална филмувана американска верзија. Режијата е на Kevin Munroe а во главните улоги се Brandon Routh, Sam Huntington, Taye Diggs и Anita Briem. Прва разлика помеѓу стрипот и филмот е тоа што филмското дејствие е сместено во Њу Орлеанс а тоа во стрипот е лоцирано во Лондон. Партнерот е на Dylan Dog е исто така променет и во филмот тоа е смешно и пријателски настроено зомби кое додека беше жив човек му беше најдобриот пријател на Dylan.

Стрипот дава одлична основа за филм. Приказната, атмосферат и самата идеа се одлични за филмувана верзија.   Dylan Dog е еден вид на иследник кој испитува прекршување на законите во ‘царството’ на неживите. Негова работа е да го чува мирот помеѓу различните раси  (зомбија, вампири, врколаци итн. ) со тоа што непристрасно ќе суди и пресудува. Како личност Dylan е осаменик и романтик што во целост му дава одлична и драматична комбинација на особини.

Dylan и Elizabeth

За жал режисерот се решил да измени доста од тоа. Атмосферата е далеку од нивото на суреалност која што реално треба да ја има. Голем број на епизоди на Supernatural изгледаат далеку поуверливо од тој аспект. Иако можеби режисерот целел кон повеќе акционо ориентиран филм, акционите сцени се слаби и ко да се недоработени. Низ многу важни моменти е само протрчано без да се прикажат одредени аспекти кои се препуштени на фантазија на гледачот. Од друга страна нема ниту хемија помеѓу ликовите, интеракциите помеѓу нив се само нафрлани една по друга без притоа да има некоја суштина во нивниот однос.

Anita Briem како Elizabeth

Dylan Dog: Dead of Night за жал не е на ниво на задачата. Потфрла во сите аспекти на филмување на еден одличен стрип. Со оглед на тоа што сценариото и кастингот и не се така лоши (Brandon Routh како Dylan баш мислам дека е погоден), јас целата вина за неуспехот би ја фрлил строго на режисерот.

2 јавувања до “Dylan Dog: Dead of Night”

  1. Дејан says:

    Многу потенцијал, за на крај сѐ да се заврши во 2 минути, онака безвезе. Многу се разочарав од крајот.

    • Игор Стојановски says:

      Многу набрзинка сплескан крај! Ама тоа е само една од работите што фалеа.

      Ја мислам најголема грешка им било што го избрале ЊуОрлеанс, инстант ме потсеќа на mardi gras а не на вампири и врколаци и supernatural stuff! Да било во Лондон атмосферата би била далеку потемна од оваа!

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.