Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Priest (2011)


Година: 2011
Оригинален наслов: Priest
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 87 мин.
Главни улоги: Paul Bettany, Cam Gigandet, Maggie Q, See full cast & crew
Оценка: 6

Филмовите кои нудат алтернативна реалност на сегашнава секогаш ми биле некако поинтересни. Дури и кога станува збор за филмови со вампири. Не дека филмовите како оние од Underworld серијалот не се добри, само не нудат речиси ништо поинаков од досега виденото. Во Priest работите стојат поинаку. Реалноста е сосема изменета.

Вампирите и луѓето постоеле од секогаш и за цело тоа време биле во војна. Тука кога ќе се каже “вампир” не се мисли на сексиљави мушкарци како оние во Interview with the Vampire, Queen of the damned или не дај Боже како во Twighlight! Овде под вампир се подразбираат грди, лигави, крвожедни и неверојатно брзи суштества со вилица наместо глава. Војната против нив нараснала до тие размери што се заканувало исчезнување на човештвото и целосно опустошување на планетата. Пресвртница е моментот кога црквата, како главно владеачко тело на(д) луѓето, го воведува редот на Свештениците. Супер брзи и силни единици за борба гради вгради кои се единствено нешто што може да се спротистави на вампирите. Тие помагаат да се потиснат и поразат вампирите и да се ограничат на само мал број на резервати. Луѓето пак остануваат затворени во огромни градови под власт на црквата. Се друго е пустелија и сето тоа некаде далеку во иднината. Филмот започнува во моментот кога некој ќе реши да се разбуди од долгиот сон.

Во главните улоги се Paul Bettany, Karl UrbanCam GigandetMaggie Q и Lily Collins. Сите некако ми се вклопуваат во улогите освен Bettany. Секако дека одлично глуми и е на ниво на задачата само, нема појава за улогата која ја игра. Воопшто нема лице на ладнокрвен убиец, особено не на таков кој е и свештеник во исто време. Мислам дека можеле да изберат тука некој поприкладен а неоспорниот талент на Bettany да се искористи на друго место.

 

Priestе полн со сцени на постапокалиптична и опустошена Земја кои се веќе многу пати видени. На моменти ми личеше дека ја користеле истата сценографија од Judge Dredd од 1995 година, особено делот со главните градови. Сепак, се вклопува тоа некако со костимографијата и приказната и личи убаво. Кон атмосферата придодава и одличниот звук и звучните ефекти. Она од кое не сум задоволен во филмов се акционите сцени. Ги има но и премалку и се прекратки и не доволно динамични. А и целиот филм некако пребрзо завршува. За многу други филмови толку акција и брканици би биле само загревање. Ко да на режисерот Scott Charles Stewart да му снемало буџет па морале да привршуваат набрзина.

Земено во целина, Priest вреди да се види особено поради приказната која вампирската сага ја гледа од една сосема поинаква перспектива.

Еден одговор до “Priest (2011)”

  1. Marija says:

    Солидно е филмчето, ги надмина и моите очекувања. Единствено не се сложувам дека е погрешен изборот на Bettany. Јас него го знам само во улоги на ладнокрвен убие, ама од “добрата” страна (освен во една или две улоги). :)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.