Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Shrine (2010)


Година: 2010
Оригинален наслов: The Shrine
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 85 мин.
Главни улоги: Aaron Ashmore, Cindy Sampson, Meghan Heffern, See full cast & crew
Оценка: 4



Приказна:
Откако едно полско село стекнува реноме дека во него исчезнуваат луѓе низ годините наназад една млада новинарка ќе се нафати да го истражи случајот за да си ја спаси кариерата. За да не биде осамена, а нас да ни биде поинтересно, на патувањето ги завлекува уште нејзината колешка и нејзиниот дечко. Набрзо по пристигањето откриваат многу добро што се случило со исчезнатите патници но не можат ни да се посомневаат за тоа која е вистинската тајна што ја крие малото полско село.

Доколку се решите да го гледате филмов немојте да го оставате на пола. Верува дека ќе бидете под искушение! Во The Shrine изостанува речиси се што еден филм прави добар. Речиси и да нема глума, сценографија и костимографија. За канаѓаните полјаците се обелкуваат како козаци и користат лугери од втората  светска војна. Сето тоа па и сите клишеа и предрасуди ќе беа некако издржани да постоеше некаков суштински или интересен дијалог помеѓу ликовите. Тешко! Се што добиваме се прости реченици и немо зјапање наместо израз на емоции. Како за пример, додека ја касапат другарка и главната хероина преку затворските решетки и довикнува “I’m here!!”. Како тоа да треба да ја утеши и да и го намали страдањето додека метални шилци и го параат черепот!! Далеку преку границата на double face palm (види фотос подоле ;) )!!  

Поради сето тоа ќе го прекинев на некои 30 минути пред крај. Но го продолжив и бев почастен со фин пресврт и уште подобра завршница кои најмалки ги очекував. Бев дури и изненаден од идеата која што беше спроведена и која на филмот му даде некои поубаво светло. Имаше и сосема доволно количество крвопролевање за да ја задоволи жанровската определба на филмов. Не дека сето тоа направи да ги заборавам глупостите од остатокот на филмот но барем ми ја изгаси нервозата.

Кога би бил некој друг режисер и кога би било преработено сценариото и за сето тоа кога би било одвоени повеќе пари, The Shrine би бил одличен филм затоа што стои на одлична идеа. Вака, не може да мрдне повеќе од 4че. А и тоа му е многу.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.