Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Adjustment Bureau (2011)

 

Година: 2011
Оригинален наслов: The Adjustment Bureau
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 106 мин.
Главни улоги: Matt Damon, Emily Blunt, Lisa Thoreson, See full cast & crew
Оценка: 7


David Norris (Matt Damon) е пред пораз во трката за сенатор. Вечерта пред да го одржи неговиот завршен говор по игра на случајност ќе ја сретне Elise Sellas (Emily Blunt) и веднаш ќе се роди взаемна љубов помеѓу двајцата.

David и Elise

Неколку дена подоцна, уверен дека веќе ја сретнал жената на неговиот живот, David на бизарен начин ќе дознае една прилично шокантна вистина. Тоа е дека нештата во светот не се движат по својот природен тек. Постои предодреден план по кој се треба да се случи. Задолжени за спроведување на планот се агентите од Бирото за Прилагодување. Секогаш кога нешто ќе застрани тука се тие да исправат. Далеку се од семоќни, но можат многу. Да повлијаат на одлуките на луѓето, да направат да доцни автобус, да се случи сообраќајка, да снема мрежа на телефонот. Ситни работи но кои можат да влијаат на огромни нешта. Сеуште под шок на своето откритие, агентите од Бирото ќе го известат за нешто уште пострашно. Според планот, тој и неговата Elise несмеат да завршат заедно.

Агентите со нивните шеширчиња на глава како знак за распознавање.

Од тој момент David започнува борба против планот т.е. против неговата предодредена судбина. Не сака да се соочи со фактот дека не му е дозволено да биде со жената пред која најубаво се чуствувал во живтото па е спремен да се откаже од се, од сите загарантирани успеси, само за да биде со неа. Но од друга страна, ни агентите не се спремни да се откажат од својот план за чие спроведување се грижат од почетокот на човештвото.

The Adjustment Bureau е филм кој содржи многу жанрови во едно. Политички трилер, научна фантастика, акција и љубовна драма. Сето тоа е спакувано во убаво пакување чија тежина е целосно препуштена на двајцата главни протагонисти, Matt Damon и  Emily Blunt. Тие пак, згора на тоа што изглумеа супер, се и одлична двојка. Има некоја хемија помеѓу нив што ве тера да навивате да испадне по нивно и да останат среќно заљубени.

Среќната двојка во не така среќен момент.

Од друга страна, акцијата скоро и да изостанува. Главните акциони сцени претставуваат трчкарање низ Manhattan или да се стигне некаде на време или да избега од агентите. Со исклучок на самата идеа, изостануваат и видливи sci-fi елементи. Единствено нешто од тој тип се тетратчињата во кои мистериозно се испишува планот и шеширчињата кои помагаат сите врати во Manhattan магично да водат до секоја посакувана локација. Така да, хардкор фановите на овие два жанра нека си седат на страна бидејќи ќе останат разочарани. Во мои очи, филмов е пред се романса со лесна филозофска нитка проткаена низ неа.

За крај само да кажам дека ова е режисерско деби за George Nolfi кој на јавноста е познат како сценарист на прославени и многу успешни филмови. Велат дека Philip K. Dick тешко се филмува и дека во тој поглед филмов е своевидно промашување но тоа не можам ни да го потврдат ни да го поречам. Можам само да кажам дека The Adjustment Bureau е филм предводен од одлична глумечка двојка, чија приказна отвара интересни прашања. Барем малку би требало да ве натера да размислувате за предодреденоста на животот, за желбата и борбата да се променат нештата и да се излезе од стандардниот шаблон на животот.

3 јавувања до “The Adjustment Bureau (2011)”

  1. Ана says:

    Интересна идеја и визуелизација, ама премногу љубовна ми беше приказната. Да се вплеткаа повеќе елементи од животот на Дејвид, па дури и нечија друга судбина, можда ќе ми беше повозбудлив филмот.

    Исто така не ми се допаѓаше што премногу наративно режисерот ни ја разоткриваше приказната… малтене од говорот на 2 лика добивме одговор на сите „Кој“? “Што“? „Зошто“? прашања. Повеќе би сакала јас како гледач да имав поактивна улога во поврзување на конците.

    • Игор Стојановски says:

      Тоа за нагласениот љубовен момент во приказната многу го најдоа како маана. Ама мислам дека баш тоа и му било идеата на режисерот, не дека случајно го занемарил sci-fi елементот а го нагласил ова. Плус, како љубовна приказна цели на многу поширока публика…

      • Ана says:

        Да да… се сложувам јас со твојата рецензија, па и со оценката. Јас ја дополнив само со некои мои мали „разочарувања“ кои се појавија од едноставна причина што седнав да го гледам филмот со веќе одредени очекувања :)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.