Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Laws of Attraction (2004)


Година: 2004
Оригинален наслов: Laws of Attraction
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 90 мин.
Главни улоги: Pierce Brosnan, Julianne Moore, Parker Posey, See full cast & crew
Оценка: 6

Повеќе романса отколку комедија, Laws of Attraction е приказна за двајца адвокати, Daniel Rafferty (Pierce Brosnan) и Audrey Woods (Julianne Moore), чија специјалност се бракоразводни парници. И двајцата се најдобри во тоа што го прават, и двајцата немаат изгубено случај. Кога конечно ќе застанат еден против друг на суд се чини некој ќе мора да биде поразен. Но погрешна средба во погрепно време, неколку чашки алкохол и топла постела на двајцата сосема ќе им ги заплетка сметките. На крај ќе има само добитници!

Laws of Attraction е пријатен за гледање и добро изработен. Приказната нема да добие награда за комплексност ама е доволно интересна за да не се прашате кога ли ќе заврши конечно. Julianne Moore изгледа одлично и баш и стои улогата на осамена адвокатка на која работата и е се во животот. Наспроти неа, Pierce Brosnan е шашавиот шармер и романтичар кој не престанува да ја изненадува со својот интелект во текот на целиот филм. И двајцата глумат во најмала рака солидно и ми се фина двојка.

За разлика од мене, на професионалните критичари филмов  воопшто не им се допаднал па на RottenTomatoes има мизерни 18%. Велат дека е досаден, едноставен и дека немало хемија помеѓу двајцата главни актери. Немаше да се бунам многу ако истите тие критичари не му дадеа подобра оценка на What Happens in Vegas (2008) кој ја има во голема мера украдено идејата на Laws of Attraction само што целосно ја има извадено романтиката од него.

Класичните романси со солидна глума и солидни глумци се вид што полека изумира. Затоа, иако не е ништо сепктакуларно, би ја препорачал на сите љубители на жанрот како едно сосема фино филмче.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.