Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Fighter (2010)


Година: 2010
Оригинален наслов: The Fighter
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 116 мин.
Главни улоги: Mark Wahlberg, Christian Bale, Amy Adams, See full cast & crew
Оценка: 9

The Fighterсе истакна како еден од подобрите филмови во 2010. Доказ за тоа беа 36 номинации и 44 освоени награди по различни фестивали и доделувања. Како јаготка на шлагот се случија и 7 номинации за оскар од кои што успеа да освои два, за најдобра споредна машка и женска улога. Но што нуди поинакво од голем број боксерски филмови за да ги заслужи сите овие признанија?

Би рекол ништо во однос на стандардните настани во боксерски филм. Издигањето од дното до врвот, напорната борба да се постигне тоа, борбите, сите клишеа што следат. Поинаку е можеби фактот што приказната е работена по вистински настан, за двајцата браќа боксери Micky Ward (Mark Wahlberg) и Dicky Eklund (Christian Bale) но тоа само можеби му ја намалува вредноста. Лесно е да направиш филм кога живтот веќе ја напишал приказната. Што е тогаш посебно во филмов?

Убавината е во тоа што фокусот не е целосно посветен на боксерската борба. Напротив, режисерот David O. Russell подеднакво внимание посветува на една многу поважна борба, онаа што се води внатре во семејството. Micky има комплициран однос со неговиот проблематичен брат, со неговата нападна мајка (Melissa Leo) и неговите 9 раскокодакани, злобни сестри. На сето тоа се придодава и неговата нова девојка (Amy Adams) која пробува да го одалечи од лошто влијание на неговото семејство. На тој начин е искреирана интересна психолошка рамка во која е сместена главната приказна, онаа боксерската.

Врв на филмов е секако глумата. Не требаат ни 5 минути од почеток на филмот за да сфатиме дека не очекува феноменална изведба од Christian Bale кој глуми маестрално. Неверојатно е само колку е соживеан со улогата, од движења на телото и изрази на лицето до начинот на зборување и акцентот. Потребно е да се види само минутка од вистинскиот Dicky Eklund да се свати колку е само Bale добар. Затоа верувам дека на Академијата воопшто и не и било тешко да одлучат дека токму тој треба да го земе оскарот за најдобра машка споредна улога. Истата таа награда само во категорија на жени ја понесе Melissa Leo за улогата на Alice Ward, мајката на Micky и Dicky. Невротична, досадна жена која пробувајќи целосно да го исконтролира животот на нејзините веќе одмана пораснати деца дозволува најважните работи да и се провлечат под радар. Melissa Leo заслужено си го доби оскарот ама и да отидеште во рацете на главната конкурентка, Amy Adams која беше номинирана за улогата на девојката на Micky, верувам никој немаше да се лути.

Единствено што  остана неспомнат е Mark Wahlberg кој е сосема солиден но неговата изведба не е ништо посебно. Можеби тоа е и до самата улога. Micky е сепак стабилен, смирен и присебен човек што и не е така тешко да се одглуми.

Многу заслужени номинации и награди за филм со ретко добра глума и солидна семејна приказна. Тоа ми е и повеќе од доволно да го препорачам на сите љубители на одлична драма.

Оценка: 9/10

Нема одговори до “The Fighter (2010)”

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.