Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Hall Pass (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Hall Pass
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 105 мин.
Главни улоги: Owen Wilson, Jason Sudeikis, Christina Applegate, See full cast & crew
Оценка: 4

Ваша оценка: 

Двајца најдобри другари (Owen Wilson и Jason Sudeikis) ќе добијат од нивните сопруги недела дена одмор од бракот за да се издуваат и да ги проживеат сите нивни фантазии. Иако најпрво со радост ја прифаќаат веста многу брзо двајцата сфаќаат дека целата работа и не е баш највесела. За разлика од нив, нивните сопруги непланирано добро си ја живеат еднонеделната пауза. Режијата е на браќата кои се прославија со комедии, Bobby Farrelly и Peter Farrelly.

Hall Pass за основа ги зема машко-женските односи во бракот а со тоа конфликтите и проблемите што произлегуваат од заедничкиот живот. Морам да признаам дека почнува добро и ветувачки. Во првата половина има навистина смешни моменти иако шегите би ги ставил во жанрот на toilet humor. Сепак, какви-такви беа доста смешни.

Втората половина од филмот веќе ги расипува работите. Браќата Farrelly забораваат да бидат смешни со тоа што задираат во одредени сериозни прашања ставајќи на тест притоа многу традиционални вредности. Лошото е што на нив гледаат несериозно но не на комичен начин. Едноставно ја потценуваат нивната важност. Нешто што најмногу ми пречеше во Hall Pass е тоа дека дава лоша слика и за мажите и за жените. Мажите ги претставува како слабаци кои се доволно мутави да не знаат како да си го живеат животот. Згора на тоа, ги прави и глупави затоа што се верни на своите сопруги. За разлика од нив жените пак се претставени како потенцијални ороспии а неверството како лошо само доколку те фатат.

Дури и South Park, како прв пример за исмевање на се и сешто и гледање на најсериозните работи со потсмешливо око, секоја епизода ја завршува со тоа што некој од ликовите сумира поука и порака во која сепак се истакнати и пофалени одредени стандарди и вредности. Во Hall Pass отсуствува секаква порака, секаква поента. Ако филмот е комедија далеку од тоа дека има право да е без смисла.

Иако почна одлично, втората половина на филмот упропасти се.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.