Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Push (2009)


Година: 2009
Оригинален наслов: Push
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 111 мин.
Главни улоги: Camilla Belle, Dakota Fanning, Chris Evans, See full cast & crew
Оценка: 7

Приказна:

Push има многу интересна идеја како основа за својата приказна. Деца со натприродни способности како последица од нацистички експерименти се раѓаат насекаде низ светот веќе со децении. Специјална американска владина Дивизија е е задолжена тие лица да ги држи под ред, да ги користи за свои цели и притоа да се спротистави на секој што ќе сака да го наруши тој ред. Уште полошо е што токму Дивизијата продолжува со експериментите трагајќи по лек кој ќе ги зајакне способностите на надарените лица. Точно дека идејава е обработена безброј пати (X-men) но тука е разработена од поинаков аспект што на прв поглед може одлично да фунцкионира.

Зашто да го гледате:

  • Дејствието се одвива во Хонг Конг па филмот добива на егзотика. Згора на тоа и дел од негативците се азијати па тоа работите ги прави уште поинтересни за гледање.
  • Dakota Fanning е одлична во улогата на малата Cassie Holmes која очајно пробува да се сокрие од Дивизијата. Многу ми е мило што како поминува времето Dakota само го докажува својот неоспорен талент. Одлично глуми, интересна е и забавна. Многу се надевам дека ќе биде новата Natalie Portman која ми е пример за некој што останал од мал на цврсти нозе под товарот на славата.
  • Chris Evans и Dakota имаат фина хемија како главен тандем и имаат интересни дијалози иако истите не се нешто многу паметни или длабоки. Во секој случај, мислам дека Evans е сосема добар избор за главната машка улога.
  • Добри специјални ефекти и добар аудио/визуелен впечаток воопшто.
  • Camilla Belle е една така слатка мала и за жал само толку. Не знае да глуми ама затоа е бомбончето на филмов.
  • Интересна приказна од која произлегуваат ликови со интересни натприродни способности.
  • Примамлив трејлер!

Зашто да НЕ го гледате:

  • Критичарите го мразеа (мизерни 20% на Rotten) и не успеа да си го врати буџетот со заработката на кино благајните.
  • За акционен филм морам да признам дека е некако спор. Згора на тоа трае скоро два саата. Се обиделе да направат некој микс на X-men и Bourne филмовите, ама на крај останале со куси ракави.
  • По многу, има лош крај кој отворено наговестува продолжениe кое секако нема никогаш да доживееме да го видиме после неуспехот на филмов.
  • Критичарите велат премногу комплексна била приказната. Ама ќе им простам, амриканци се, за нив и Tomm & Jerry е премногу комплексно!
  • Можеше да има повеќе акциони сцени наместо повторувања се на едната иста тема.

Општиот впечаток за филмов ми е позитивен и кога би бил нешто подинамичен топло би го препорачал на сите љубители на научно-фантастични акции и авантури. Вака, тоа можам да го направам само за нешто потрпеливите.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.