Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Limitless (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Limitless
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 8 мин.
Главни улоги: Bradley Cooper, Anna Friel, Abbie Cornish, See full cast & crew
Оценка: 8

Limitless истражува една стара но многу интересна идеја. Што би било кога наместо оној мал дел од капацитетот на нашиот мозок што го користиме, ние би го користеле истиот во целост. Како би размислувале тогаш и какви се идеи би ни паднале на памет?! Каде се тогаш границите или пак можеби се е безгранично? Eddie Morra (Bradley Cooper) ќе се обиде да даде одговор на сите тие прашања откако по игра на случајности во неговите раце ќе дојде експериментален лек кој го зголемува капацитет на мозокот и неговата моќ за размислување. На прв поглед ситуацијата е идеална, бескрајни можности и отворени хоризонти со бесконечно знаење. Но сепак станува збор за вид на дрога, па како и секоја друга и оваа доаѓа со последици во вид на гадна зависност и гадни луѓе поврзани со неа.

Bradley Cooper изглуме доста солидно. Неговиот лик во текот на филмот има неколку драстични трансформации што тој ги сработе ептен глатко. Најважно е што е уверлив во тоа што го глуми.  Затоа и со право се пробива како една од најголемите ѕвезди во Холивуд во моментов. Особено после двете Hangover, продлженија неговата кариера е во полн цвет а филмовите на кои допрва работи во моментов не најавуваат заладување на таа ситуација. Што поради талент и добра глума, што поради шарм и добар изглед, на дечково му се поклопени ѕвездите и квалитетно си ги користи своите минути на слава. Покрај него во главните улоги е и, секогаш достојниот за почит, Robert De Niro.

Limitless е добар и од аудио/визуелен аспект. Камерата често се поистоветува со трипи моментите на приказната и знае да даде кадри од извртен ако не и целосно превртен аспект. Сето тоа со добро постигната поента да се долови моментот. Вреди да се истакне и менувањето на тоналитетот на боите во однос на тоа дали Eddie е или не е на дрогата. На сето тоа додадено музиче од The Black Keys и имате одлична атмосфера.

Единствено нешто што не ми се допадна е крајот на приказната. Јас лично би го завршел на далеку посуров начин. Вака се расипа пораката која што навидум се праќаше цело време, drugs dont pay off! На крајот испадна дека има лесен пат до целта. Ама знам, се е тоа во духот на новите генерации кои се очајни во потрагата по маѓичното апче кое треба да ги реши сите проблеми. Limitless им влева доза надеж.

Оценка: 7/10

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.