Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Tucker & Dale vs Evil (2010)


Година: 2010
Оригинален наслов: Tucker and Dale vs Evil
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 89 мин.
Главни улоги: Tyler Labine, Alan Tudyk, Katrina Bowden, See full cast & crew
Оценка: 8

Ваша оценка: 

Заедно со Zombieland и помалку познатиот Feast филмов ми влетува во топ три хорор комедии! Работен е како сатира на голем број урбани легенди и хорор филмови за психопати низ ридиштата и шумите на Соединетите Држави. Прв таков филм шти ми паѓа на памет е Wrong Turn. Во Tucker & Dale vs Evil се работи за двајца hillbillies, Tuck и Dale,  кои се што сакаат е да поуживаат во нивната нова викендичка. Плановите за жал ќе им ги расипат група студенти кои по грешка ќе помислат дека двајцата се психопатски убијци! Тој нивни невин страв од почетокот ќе се претвори во паранодина фобија која ќе резултира со многу жртви. Приказната е добро смислена и не е така едноставна ко што можеби изгледа бидејќи содржи една фина и неочекувана перипетија. Истата претставува одлична сатира на типичниот американски студент кој под влијание на телевизијата е полн со предрасуди и непочитување кон пониските општествени слоеви.

Режијата е на Eli Craig а во улогите на Tuck и Dale се Tyler Labine и Alan Tudyk кои беа навистина феноменални. Од студентите ќе ја издвојам само слатката Katrina Bowden.

Филмов претставува избалансирана мешавина на хорор и комедија. Најчесто ваквите филмови прават одредени компензации па на крај ни шегите се доволно смешни ни убиствата доволно крвави. Тоа не е случајот и тука. Се смеев од почеток до крај, понекогаш и на самиот начин на кој што умираа луѓето затоа што едноставно беше проклето смешно! Верувам дека кој и да го гледа ќе има доволно кикотења, извици и воздишки. Штета е што вакви филмови остануваат релативно непознати. Особено што филмов има чудни 100% на RottenTomatoes и 7.7. на IMDB. Тоа е сосема доволен показател дека мора да се погледне!

Еден одговор до “Tucker & Dale vs Evil (2010)”

  1. Аце says:

    Па, не дека е лош филмов, ама претставува копија на wrong turn, и тоа преочигледна… Секако проследена со сарказам.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.