Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Battle: Los Angeles (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Battle Los Angeles
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 116 мин.
Главни улоги: Aaron Eckhart, Michelle Rodriguez, Bridget Moynahan, See full cast & crew
Оценка: 6

Приказната е поглед на инвазија од вонземјани од перспектива на група маринци (или какви и да се американски војници) кои ќе одиграат клучна улога во борбата за L.A. Она што на почетокот се мисли дека е едноставен метеорски дожд за брзо се потврдува дека се вселенски бродови кои доаѓаат на нашата ни Земја да ја окупираат и колонизираат со цел да го искористат водениот потенцијал. Горе споменатаа група војници е испратена да извлече цивили од дел од градот каде што се водат најголемите борби. Притоа не сфаќајки дека судбината им крои нешто многу поважно.

Најлесниот и најпогодниот начин да се објасни филмов е да се спореди со компјутерска пуцачина! Сличностите се толку блиски што на неколку пати ми доаѓаше да посегнам по тастатурата и глувче и да превземам акција во свои раце. А акција има сосема доволно ако не и премногу. Од почеток до крај, со исклучок на навистина кратки моменти, се одвива некое воено дејствие. Дејствијата се воглавно убивање на вонземјани на прилично аркаден начин. Тоа до некаде е сосема добро бидејќи, за разлика од некои други филмови, вонземјанските машини овде можат да бидат убиени. Точно дека се технолошко супериорни но сепак оставаат ронка надеж дека можат да бидат поразени.

Втор аспект кој прави филмов да наликува на игра е приказната. Таа е плитка, линеарна и едноставна и служи чисто колку да не воведе во акцијата. Тука е секако сместен и американскиот хероизам и патриотизам кој некако не успева да воодушеви. Една позитивна работа е што дејствието е сместено во L.A. па ни дава претстава како би изгледала реална инвазија на Соединетите Држави. Приказна како оваа и не бара којзнае каква глума па ми се чини дека е чисто упропастување на талент тоа што го земале Eckhart за главна улога. Michelle колку и да ја обожавам веќе почнува да ми здосадува во улога на добродушна ама прилично тврдокорна типка. Време и можда за нешто понежно.

За крај, луѓето кои сакаат вонземјани, воени филмови, акција и специјални ефекти во голема доза не смеат да го пропуштат филмов по никоја цена.

Нема одговори до “Battle: Los Angeles (2011)”

  1. [...] Публицитет: Skyline го дознав по лош глас. Насекаде по интернет, вклучително IMDB и Rotten Tomatoes, има катастрофално лоши критики. Плукале по него сите што стигнале. Ај тие профи критичарите него и обичната публика. До некаде публиката можам да ја разберам, најчесто чопоративно ја следи критиката, па во наплив на масивна хипноза сите даваат или позитивни или негативни критики. Од друга страна, американската публика што го сочинува најголемиот дел од гласачкото тело, не сака филмови во кои американците губат. И за професионалните критичари имам објаснување а тоа е дека се платени да дадат лоша критика! Еве и зошто! Студиото за специјални ефекти на браќата Strause најверојатно ќе влезат во судски спор со Sony бидејќи Sony во моментот на склучување на договорот за изработка на специјалните ефекти за нивниот Battle LA проект не биле известени дека Strause веќе работат на конкурентскиот Skyline! Не дека нема валкана игра и од браќава тука ама сепак изгледа дека Sony возвраќа десеткратно со тоа што ги има насскано сите можни критичари против Skyline и буквално го уништува филмот! Двојна добивка, ем е уништен конкурентскиот продукт ем е поплочен патот за новиот блокбастер филм од Sony World Invasion: Battle LA. [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.