Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Just Go with It (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Just Go with It
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 117 мин.
Главни улоги: Adam Sandler, Jennifer Aniston, Brooklyn Decker, See full cast & crew
Оценка: 4

Приказна: Неколку стандардни холивудски клишеа. Ништо ново во меѓувреме. За повеќе, види трејлер.

Зашто да го гледате:

  • Jennifer Aniston. Како старее така станува се подобра и подобра, и визуелно но и како глумица. Интересна е, забавна и се на се пријатна за гледање.
  • Brooklyn Decker. Изгледа феноменално! Сцената во која излегува од вода во жолтото бикини е инстант класика. Она е и јаготката и шлагот и главната состојка на оваа салата! Нема врска тоа што и не знае баш да глуми.
  • Dennis Dugan. Како режисер има големо искуство во комедии и во работа со Sandler.
  • Децата на ликот на Aniston. И слатки и смешни и интересни. Они ми беа највеселата работа во цел филм, особено девојчето што цело време фураше британски акцент.
  • Nicole Kidman. Не ми е јасно зашто прифатила вака глупа улога ама Kidman си е Kidman.

Зашто да НЕ го гледате:

  • Adam Sandler. Мрсен, гнсен, несреден и неинтересен. Едноставно одбива да се менува и го немам видено во различна улога. Секогаш е ист, со исти шеги со исти финти и трикови. Досаден е. Затоа во мои очи никогаш нема да биде добар комичар а уште помалку добар глумец. Како тотална спротивност од него би го земал Jim Carrey кој иако си има одредени карактеристики како глумец што ги носи во секој филм, знае значително да се истрансформира од улога до улога. Sandler е шалабајзер во споредба со него.
  • Приказната. Премногу пати видено. Не ми е јасно како не им здосадуваат се едните исти приказни. Воглавно е ‘ај ќе лажам и ќе правам се за да не ме откријат‘ или е ‘цел живот те знам а не сум сфатил дека те сакам‘. Во овој случај ги добивате двете клишеа во едно.
  • Шегите. Се насмеав два пати. Ниту еднаш на Sandler.
  • Dave Matthews. Треба да престане да се појавува во вакви филмови. Музиката му иде неспоредливо подобро.

Оценка: 5/10

 

Нема одговори до “Just Go with It (2011)”

  1. [...] Jack and Jill тест Дај оценка (No Ratings Yet) Етикети за видеово Adam Sandler Dennis Dugan мизерија Слични видеа Bucky Larson: Born to be a StarJust Go with It (2011) [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.