Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Lincoln Lawyer (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: The Lincoln Lawyer
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 118 мин.
Главни улоги: Matthew McConaughey, Marisa Tomei, Ryan Phillippe, See full cast & crew
Оценка: 8

Не обожавам адвокати. Правници воопшто. Ми се крева косата на глава од нив. Затоа пак сакам филмови со адвокати. Особено после The Devil’s Advocate или Runaway Jury добри адвокатски трилери ми станаа едни од поомилените филмови. The Lincoln Lawyer е некаде при врвот во таа класификација.

Главниот лик што го игра Matthew McConaughey ти е модерен тип на адвокат, мобилен и секаде присутен. Неговата канцеларија е неговиот Lincoln Town Car па од таму и насловот на филмот. Тој ти е прав жонглер со законот и знае каде, колку и како треба да подмачка или подтурне за да помине неговиот случај. Типични клиенти му се криминалци, проститутки и наркомани… оние кои најчесто и се виновни. Се се менува кога за адвокат ќе го побара клиент од висок калибар. Расипано богат младич кој е обвинет за сексуален напад и зад чии намери уште од почеток се крие нешто валкано. Од тука приказната се расплеткува на начин кој е интересен и доста напнат до самиот крај.

Покрај McConaughey во филмот играат секогаш прекрасната, иако очигледно подостарена, Marisa Tomei, Ryan Phillippe во улога на расипаниот младич и човекот чија појава секогаш ме смее William H. Macy. McConaughey одлично изглуми и изгледаше дека баш си се нашол во адвокатската улога. Ми делуваше доста уверливо! Замерка можам да му најдам на Phillippe кој иако имаше моменти на добра глума, во остатокот од времето беше безизразен, ко да ич не му е гајле што се случува.

Погледите се кажуваат

Добар трилер за мене е оној кој ќе ме натера да навивам и кој нема да ме држи да седам мирно. Во The Lincoln Lawyer има доста од се тоа, и навивање и подвикнување и немирно преместување де лево де десно. Тоа што можеби трае нешто подолго, не го прави и помалку забаевн. Кога не сето тоа ќе се додаде и добро музиче што секогаш се појаува во прав момент, The Lincoln Lawyer станува филм кој лесно можам да го препорачам на секој без разлика на тоа каков жанр обожава.

Оценка: 7/10

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.