Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Season of the Witch (2011)


Година: 2011
Оригинален наслов: Season of the Witch
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 95 мин.
Главни улоги: Nicolas Cage, Ron Perlman, Claire Foy, See full cast & crew
Оценка: 6

Приказната е за двајца дезертери од крстоносните војни (Nicolas Cage и Ron Perlman) кои под закана од бесење прифаќаат да транспортираат вештерка (Claire Foy) на судење во некој далечен манастир. Патот до таму е далеку од лесен и безопасен па голем дел од придружбата на караванот нема да ја дочека крајната дестинација. Лично многу ми се допадна приказната особено затоа што не беше линеарна и предвидлива туку баш напротив, имаше доста пресврти и откровенија во нејзиниот тек. Изобилува со натприродни елементи кои особен замав земаат кон крајот. Атмосферата е мрачна и напната за цело време и неколку пати ме натера добро да се задржам за фотеља. Тоа секако е само плус.

Пред да го гледам филмов, бев под голем сомнеж за тоа како Cage ќе се покаже како средновековен витез. За среќа по првите неколку сцени ми се виде како кроен за таа улога па дури и ми се чинеше дека оваа му лежи многу повеќе од некоја на урбан десперадо. Го бива човеков за улоги на човек со големи проблеми, или витез во егзил, алкохоличар, костур со запалена глава итн. Што се однесува до другар му, Perlman, тој ти има фаца создадена за грубијан па усмрден изглед и меч во рака баш го надополнуваат. На остатокот од глумците исто не можам да им најдам замерка. Еден од нив е и Christopher Lee во камео улога. Една од причиниве поради која позитивно го доживев филмот беше и прекрасната сценографија. Тоа и не е за чудење ако се знае дека филмов е сниман во Европа и тоа по живописните предели на Австрија, Унгарија и Хрватска.

Една од многуте пејзажни сцени

За разлика од мене што освен лош CGI и не можам да најдам друга поголема примедба, на критичарите воопшто не им се допаднал филмов па на rotten има мизерни 6%. Тоа е сепак мислам поради се поголемата тенденција филмовите стихијно да се оценуваат од критичарите. Ако 5-6 од појаките критичари исплукаат некој филм тогаш понесени од виорот и останатите го прават тоа. Има безброј такви примери на неправедно лошо оценети филмови на овој начин. Во позадината на тоа лежи којзнае што? 1. препукување помеѓу студија 2. замереност со актерите 4.????? 5. ПРОФИТ! Што и да е, не е фер ми се чини.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.