Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Rite (2011)


Година: 2011
Оригинален наслов: The Rite
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 114 мин.
Главни улоги: Colin O'Donoghue, Anthony Hopkins, Ciarán Hinds, See full cast & crew
Оценка: 6

Уште еден филм на тема егзорцизам и уште еден филм работен по книга. Насловот на книгата е The Rite: The Making of a Modern Exorcist а авторот е Matt Baglio. Режисер е Mikael Håfström а во главните улоги се Anthony Hopkins како отец Lucas, Colin O’Donoghue како главниот протагонист Michael Kovak и Alice Braga е новинарката Angeline, неизбежниот женски елемент во секој потпросечен филм.

Во средиште на приказната е Michael Kovak кој за да не го напушти теолошкото училиште ќе биде испратен во Ватикан да посетува курс по егзорцизам, речиси под принуда. Таму тој ќе се сретне со отец Lucas кој долги години работи на проблематиката на егзорцизмот. Во работата со него Michael на тест ќе ги стави својата верба и своите принципи бидејќи ќе биде ставено под знак прашалник се она што дотогаш верувал дека е невозможно.

Искрено не знам која е потребата да направиш филм доколку си свесен дека нема да биде најдобриот во својата класа. Во најмала мера можеш барем да пробаш да бидеш подобар во одредени аспекти. The Rite се ми се чини како и воопшто да не се труди. Така The Exorcist од 1973 останува светлосни години понапред во секој поглед од филмов.

Кога не би бил Hopkins, кој рака на срце и да сака не може да изглуми лошо, и кога не би бил во Рим, филмов не би го препорачал на асполутно никого. Приказната е линеарна и едноствна а со тоа и доста предвидлива. На добрата страна на филмов ми беше тоа што имаше добра фотографија и неколку прилично језиви сцени и кадри. Но џабе тој допринес кон тензичноста кога самата таа не беше доволно добро искористена. Така, изостануваат доволно страшни сцени што треба да бидат главна цел на филм кој се прокламира како хорор.

Оценка: 5/10

Еден одговор до “The Rite (2011)”

  1. Lizard says:

    Нема лош филм со Хопкинс :)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.