Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Lemony Snicket’s A Series of Unfortunate Events (2004)

Година: 2004
Оригинален наслов: A Series of Unfortunate Events
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 56 мин.
Главни улоги: Jim Carrey, Jude Law, Meryl Streep, See full cast & crew
Оценка: 9

Од одма ќе кажам дека филмов не го гледам како адаптација на книга иако е токму тоа. Работен е според серијата романи на Daniel Handler (или попознат под неговиот песевдоним Lemony Snicket). Приказната е за Baudelaire сирачињата, Klaus, Violet (Emily Browning) и малата Sunny. Откако нивните родители ќе загинат во мистериозен пожар како старател ќе им биде доделен грофот Olaf (Jim Carrey) кој е заинтересиран строго за нивното богатство. Кога ќе се откријат неговите вистински намери, децата ќе бидат рпедавани од роднина на роднина во потрага по ново семејство. На секое место на кое што ќе живеат ќе им се открива по нешто ново за мистериозниот живот на нивните родители но секаде на патот ќе им се испречува упорниот гроф Olaf.

A Series of Unfortunate Events ме воодушеви со приказната и со ликовите. Целиот тек на настаните е уникатен поглед на животот на три мали сирачиња кои не може а да не ви се допаднат. Секое од нив си има посебна дарба, Klaus чита ненаситно, Violet е спретна кога станува збор за досетки и изуми а Sunny гриза ама баш се што ќе и дојде до бебешките запчиња. Ништо поуникатни не се и останатите ликови со кои тие се среќаваат. Тука на врвот е грофот Olaf кој Carrey го игра одлично и кој изминува низ 3-4 целосни трансформации. Во останатите улоги се јавуваат Billy Connolly, Meryl Streep, Catherine O’Hara, Luis Guzmán а наратор е Jude Law. Кога станува збор за актерите, подобро и да не може да се посака и секој од нив си е на висина на задачата.

Значи филмов има се што јас лично барам во еден филм, приказна, глума, добро развиени и интересни карактери, сценографија, фотографија и црн хумор од време на време и одлични пораки до гледачите во целиот негов тек. И ќе добиеше чиста десетка ако низ целиот филм не си мислев дека ќе било подобро филмов да го режирал Tim Burton а не Brad Silberling. Не е воопшто тешко да се замисли и Johnny Depp во главната улога.

Како препорака, филмов се гледа добро уз порција Pasta Puttanesca! Добар апетит и пријатно гледање :)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.