Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Tangled (2010)

Година: 2010
Оригинален наслов: Tangled
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Mandy Moore, Zachary Levi, Donna Murphy, See full cast & crew
Оценка: 8

Без да знам што точно се работи во приказната Rаpunzel од браќата Грим, по која е направен филмов, долго време не можев да се решам да го изгледам. Најпрво затоа што постерот целиот замотан во коса ми беше доста одбивен а потоа затоа што сите цртани во последно време ми личат еден на друг. Испадна дека многу сум се лажел. Можеби е далеку од титулата најдобар филм на Дизни но е најдоброто нешто што излегло од таму после подолго време. И не само од таму туку општо, од светот на цртаните филмови.

Rapunzel во акција

Приказната е релативно едноставна. Злобната вештерка како мала ја затвара Rаpunzel во висока кула за да никој не може да ја најде. Се тоа за да може да ја користи подмладувачката моќ на нејзината волшебна коса. Којзнае како би се завршело тоа доколку на 18тиот роденден на Rаpunzel сосема случајно и бегајќи од властите, во кулата не најде прибежиште младиот Flynn, инаку по професија разбојник и локален срцекршач. Во тој момент започнува вистинската авантура.

Flynn vs. Rapunzel

Tangled е секако филм за сите членови од семејството. Весел, распеан, полн со интересни карактери. Од распеаните разбојници преку досетливиот војнички коњ кој низ целиот филм по секоја цена се обидува да го уапси Flynn. Не изостанува ниту љубовта и романтичните моменти кои после оние во Аладин се едни од најдбрите кога се анимирани филмови во прашање. Сето тоа е во умерена доза и доволно детски за да остане во рамките на слаткото и симпатичното. Од се тоа не ми е тешко да кажам дека Tangled e сeшто еден Дизни филм би требало да биде.

Да наоѓам замерка на феноменалната анимација на Tangled би било лудо. На неа се посветени вкупно 5 години и е потрошен буџет од вкупно 260 милиони долари. Тоа го прави Tangled најскап анимиран, и втор најскап филм на сите времиња. За среќа, поминува одлично и кај публиката и кај критичарите па продуцентите можат среќни и задоволни да си одат по дома со вкупна, чиста заработувачка од скоро 140 милиони и пуна капа пофалби. Секако се исплатело и чекањето и потрошените пари.

Ахм…гласовите ги позајмија: Mandy Moore, Zachary Levi, Ron Perlman, Jeffrey Tambor и други.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.