Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Game of Thrones


Game of Thrones е најновиот серијал кој доаѓа од работилницата на HBO. Работен е според познатата серија романи на George R. R. Martin, под заеднички наслов A Song of Ice and Fire, и насловот го добива по првиот таков роман. Од планираните 10 до сега се емитувани три епизоди преку кои полека се запознаваме со светот на главните протагонисти.

Ова е една средновековна приказна за која најдобра асоцијација можеби би билe Lord of The Rings романите и филмовите, но по многу што и се разликува од нив. Авторот на A Song of Ice and Fire има искреирано сосема нов свет во кој се судираат кралства, семејства и лордови од различни земји и раси. Иако сосема поразличен од светот кој што е наше секојдневие, и во овој човечките карактеристики остануваат типични. Така ќе видиме се од завист, желба за власт, прељуби  и убиства до пожртвуваност, љубов, посветеност на семејството и чест. Се испреплетуваат сите човекови маани и доблести.

Lord Stark

Продукцијата е на навистина високо ниво па Game of Thrones е задоволство за гледање… и не само поради повремената голотија. Костимографијата, музиката и сценографијата се речиси без грешка и се можеби врв кога станува збор за серијали а не за играни филмови. Но сето ова би било залудно без добра глумечка екипа а ако нешто не и фали на Game of Thrones тоа се добри глумци и глумици. До толку се  сите одлични во глумата што веќе по првите три епизоди забележувам дека луѓето што ја гледаат серијава си имаат фаворити од ликовите и почнуваат да навиваат за своите.

Би било предолго да пишувам за секој од актерите и ликовите кои што ги играат во само еден пост, па на кратко само ќе ги набројам оние попознатите: Sean Bean, Michelle FairleyLena HeadeyPeter Dinklage и Jason Momoa. На нив се придодаваат и плејада млади актери кои се без или со многу мало искуство пред камера но кои одлично си ја завршуваат работата.

Општиот впечаток што го добив после првите три епизоди е дека серијалов заслужува чиста десетка. Уште повеќе ме радува што Game of Thrones стана доста позната кај нас и доста зборена по социјални мрежи. Не знам дали се емитува на HBO овде ама би било одлично доколку е така бидејќи судено по се, не очекува една долга и одлична филмска авантура.

Нема одговори до “Game of Thrones”

  1. [...] 19 август а во главните улоги ќе ги гледаме Ron Perlman и се попоплуарниот Jason Momoa. Останува да видиме само колку ќе биде [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.