Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Waiting for Forever (2010)


Година: 2010
Оригинален наслов: Waiting for Forever
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Rachel Bilson, Tom Sturridge, Richard Jenkins, See full cast & crew
Оценка: 6

Во ова инди филмче со релативно позната екипа ( Rachel Bilson, Tom Sturridge, Richard Jenkins, Blythe Danner ) главен лик е младиот Will кој после долги години се решава на љубовта од неговото детство да и признае како вистински се чуствува. Притоа не може да согледа во неговиот свет полн со фантазии дека фактот што долги години ја следи Emma каде и да се сели таа без притоа да и се покаже, може ќе и изгледа настран. Така кога конечно вистината излегува на виделина работите почнуваат да се расплеткуваат на чуден и помалку или повеќе непредвидлив начин.

Rachel Bilson и Tom Sturridge како Emma и Will

 

Waiting for forever е чуден филм на многу начини. На моменти премногу инди, на други премногу хипстерски на трети премногу некомформистички и сето тоа за жал е премногу кон негативната страна на нештата. Првата половина од филмот ја поминав чудејќи се и чекајки да започне вистинското дејство. Не бидејќи нема дејство но затоа што се е премногу како од сон, премногу нереално. Почнувајќи од главниот карактер кој е жонглер кој носи пижами, до неговата љубов која е холивудска глумица а се однесува како никогаш да не пораснала. Но не само она, како сите во овој филм без разлика на годините да одбиле да пораснат и да созреат. Секако дека тоа може да се сфати како одредена порака на режисерот но донесено е на начин кој не е за верување.

Останатата половина од филмот ја поминава во неверување на трансформацијата која ја доживеуваат ликовите. Како од секој од нив да испливува некој втор слој но на несуптилен начин. До крај на филмот не сватив дали главниот лик е лудо вљубен или едноставно луд. Ликовите или остануваат недоразвиени или пак скокаат чекори од самиот тој процес.

Филмов секако ќе им се допадне  на љубителите на инди филмови и инди музика. Ќе го обожаваат и оние кои слепо веруваат во љубов, во еднорози, во принцеви, бајки, пепелашки и во тоа дека жонглери облечени во пижами шетаат насекаде низ земјата демнејќи ја својата вистинска љубов. Оние кои се склони кон издавање на судски налози за забрана за приближување сето ова ќе им изгледа малку морничаво.

Мене? Мене ми се допадна мелонхаличната нота и некои од пораките кои ги носи филмов но кои според мене беа премногу буквално сфатени во приказната.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.