Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Death Race 2 (2010)


Година: Video 2010
Оригинален наслов: Death Race 2
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Luke Goss, Lauren Cohan, Sean Bean, See full cast & crew
Оценка: 7

Едноставно нели, обожавам вакви моменти! Кога ќе видам дека некој филм е направен за видео дистрибуција од старт имам лошо мислење. Кога самите продуценти сметаат дека не е доволно добар за кино дистрибуција, зашто ли јас би го гледал со поинаква претпоставка. Поучен и од милион продолженија на други филмови кои за разлика од оригиналите одат директно на видео и се мизерно лоши, Death Race 2 не можеше да биде ништо друго освен нивни следбеник. И, конечно тука доаѓа моментот што го обожавам. Death Race 2 изненадува 100% и е најдоброто што филм од негов калибар би требало да биде.

Death Race 2 носи унитување на ниво!

Приказната е претходница на Death Race и раскажува за настанувањето на возачот под име Frankenstein, кој погинува на почетокот на првиот дел, и општо за почетоците на самата трка. Нешто што започнува како обична борба до смрт на затвореници, поради опаѓање на гледаноста се трансформира во смртна трка. За да биде влогот поголем, победникот после 3 дневни трки добива целосно помилување и ослободување од затвор. Уште повеќе ги замрсува сметките тоа што за главата на главниот лик , Carl Lucas, има распишано и награда од 1 милион долари. Победникот е секако со дупла добивка.

Главната улога е за Luke Goss

Година: Video 2010
Оригинален наслов: Death Race 2
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Luke Goss, Lauren Cohan, Sean Bean, See full cast & crew
Оценка: 7

Death Race 2е евтин во поглед на приказна, смисла, поента, етика, морал и било каква повисока вредност. Затоа изобилува со се што еден акционен филм треба да има. Многу акција, насилство, крв, тепачки, убиства, уште крв, полуголи згодни жени, уште насилство, коли, тркање и уште редица работи чија главна намена е подигање на адреналин. Сето тоа спакувано во одлично пакување што би значело дека камера, фотографија и продукцијата се на се се на сосема задоволително ниво. Друго нешто со кое изненадува Death Race е тоа што во себе меѓу другите ги има Sean Bean, Ving Rhames и Danny Trejo! Скоро да неможеш да побараш повеќе од филм наменет да лета директно на DVD!

Нема одговори до “Death Race 2 (2010)”

  1. [...] репертоар (Resident Evil, Resident Evil: Apocalypse, Resident Evil: Afterlife, Death Race, Death Race 2). Некои од нив се прилично добри некои ептен се [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.