Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

TRON: Legacy (2010)

Година: 2010
Оригинален наслов: Tron
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Jeff Bridges, Garrett Hedlund, Olivia Wilde, See full cast & crew
Оценка: 8

Не знам каков ефект имал оригиналниот TRON врз тогашната публика. Можеби го сметале за глупост, можеби за револуција но секако за одредена новина. Ако претпоставам дека бил сличен на ефектот што го имаа врз мене The Last Starfighter и Flight of the Navigator тогаш истите тие фанови од 80тите мора да биле страшно возбудени кога за прв пат дознале дека ќе се снима TRON: Legacy! Јас сигурно би бил. Не само затоа што ова не е преработка туку продолжение на приказната, туку и поради фактот што главна улога повторно е Jeff Bridges.

Откако херојот од оригиналот, Kevin Flynn, ненадејно ќе исчезне, неговиот син Sam ќе биде оставен да порасне без него. После многу години Sam случајно ќе најде начин физички да се транспортира во виртуелниот компјутерски систем создаден од татко му. Таму ќе го најде него веќе сед и остарен но и ќе затекне свет поробен од злобната програма Clu. Така Kevin и Sam ќе започнат трка со Clu за враќање во реланоста.

Во главните улоги се Jeff Bridges (True Grit) како Kevin Flynn и Garrett Hedlund како Sam Flynn. Двата можеби најубави елементи на филмов се двете главни протагонистки, Olivia Wilde како Quorra и Beau Garrett како Gem.

Quorra Gem

Quorra vs. Gem

За жал TRON: Legacy не помина добро кај критичарите. Можеби поради тоа што е филм на Disney а кај одредени критички кругови како да има некое вродено непријателство кон филмови што доаѓаат од таму. Според некои е премногу плиток и вештачки, карактерите се сосема недоволно развиени а приказната е полна со дупки. Во одредена мера можеби и не се далеку од вистината. Сепак, не може да се премине фактот дека филмов е вистинска аудио-визуелна наслада. Изгледа феноменално од секој можен аспект. Можеби на некого би му фалеле детали но и тоа е дел од поентата. Сепак станува за вештачки, виртуелен свет. Така треба да биде, мазно, празно и исполирано. Голем дел од уживањето е и музиката за која се погрижиле Daft Punk и која одлично се вклопува во амбиентот.

Крајниот заклучок ми е дека и покрај лошите оцени TRON: Legacy не смее да биде пропуштен, пред се поради аудио-визуелниот ефект, а особено не од љубителите на футуристички sci-fi филмови.

2 јавувања до “TRON: Legacy (2010)”

  1. Red says:

    Едно исклучително добра технологија користена во една исклучително не квалитетна приказна….
    Очекував и јас многу но филмот не исполни ни 1/4 од моите очекувања.

    • igorce says:

      Точно дека приказната не е доволно добра. Тоа е и оценката на најголем дел од критичарите. Ама, атмосферата, музиката, целиот тој виртуелен свет, иако малце празен на моменти, мене ми беше толку супер што им простив на сите други недостатоци :)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.