Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Red (2010)

red poster

Година: 2010
Оригинален наслов: RED
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 111 мин.
Главни улоги: Bruce Willis, Helen Mirren, Morgan Freeman, See full cast & crew
Оценка: 7

Приказна: Кога пензионираниот агент на тајните служби Frank Moses (Bruce Willis) ќе ја запозне Sarah Ross (Mary-Louise Parker) помеѓу нив ќе почнат да летаат сосема други искри покрај љубовните. Уште на самиот почеток на филмот некој се обидува да го убие па тој ќе биде принуден да го брани својот и животот на Sarah која сосема случајно ќе се најде втурната во цела таа мешаница. Во сето тоа на Frank му помагаат тројца колеги од старите денови Joe (Morgan Freeman), Marvin (John Malkovich) и Victoria (Helen Mirren). На спротивната страна, одговорен за нивна ликвидација стои агентот Cooper (Karl Urban). Филмот изобилува со акција од почеток до крај зачинета со доста смешни моменти. Приказната како ваква и не е којзнае што но надополнета со интересните ликови и одличната глума прави филмов да е право уживање.

Екипа: Од време на време Холивуд знае да направи полн погодок во изборот на главните и споредни улоги. Red е токму тој случај. Сите се одбрани на место, интересни и одлично глумат. Willis е како создаден за ваков филм, акционен херој со шармантна насмевка, кој лесно се трансформира од смешен во смртоносен. Споредните ликови на Malkovich и Helen се исто така одлични. Malkovich е праноичен лудак, за што и нема потреба многу да се труди да го изглуми. До него, Miren е смртоносната дама во години што исто така одговара на нејзиниот карактер како глумица…. барем “дама” делот. :) И на крај но секако не последна, Mary-Louise Parker одлично се снаоѓа во оваа група од стари волци. Секси, смешна и, како што ја знаеме од Weeds, најчесто без поим што точно се случува….. целосно изгубена во мешаницата околу неа. Сето тоа на многу сладок начин. ;)

Се на се: Red е филм кој несмее да се пропушти. Не дека е некое откровение или дека нуди нешто до сега невидено, туку строго поради забавниот фактор, акцијата и одличните актери и актерки што на екранизираната приказна и даваат свој шарм. Доколку се погледне во рамките на својот жанр, романтично-комична акција, овој филм заслужува чиста 9ка…. не е 10ка затоа што колку и да има акција, никогаш не е доволно :D

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.