Resident Evil: Afterlife (2010)

resident-evil-afterlife-poster

Година: 2010
Оригинален наслов: Resident Evil: Afterlife
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 96 мин.
Главни улоги: Milla Jovovich, Ali Larter, Wentworth Miller, See full cast & crew
Оценка: 4

Приказна: Во потрага по Аркадиа, Алис (Milla Jovovich) стигнува во Алјаска каде не наоѓа ни трага од ветениот град. Си ја пронаоѓа само другарката (Ali Larter) од претходниот дел со која се упатува во Л.А. Таму со група преживеани сместени во поранешен затвор се обидуваат да се пробијат низ огромен обрач од зомбија за да конечно можат да дојдат до ветеното прибежиште. И како таква, приказната е една од појаките страни на филмов.

Екипа: Во суштина ништо ново и интересно. Тука се Milla и Ali од претходниот дел и остатокот е неважен. Единствен исклучок кој можно е да го гледаме и во некој од наредните делови е појавувањето на Wentworth Miller како Chris Redfield. За тие што не знаат, Miller е ѕвездата на Prison Break. Тука е и смешниот момент, неговиот лик во филмов е затвореник кој на другите им помага да се извлечат од затворот во кој се заглавени! Прилично евтин потег.

Се на се: Работа што најмногу ми пречеше во филмов е што добри 40% зафаќаат slow-mo моменти. На некои сцени, можев слободно да тркнам до кујна, да направам пуканки, да одам до продавница да земам за пиење, да се вратам и истата уште немаше да биде завршена. Тоа тотално ми ја уби динамиката на акционите сцени и ги направи скоро неупотребливи. Кога сме веќе кај акцијата, најдобрите елементи од Afterlife се чиста Matrix копија. Копирањето оди до тој степен што главниот негативец е ист agent Smith!! Кога на тоа ќе се додадат сите глупави претерувања, лоши ефекти, лоша камера, лоша глума и катастрофални creatures, Afterlife филм што мора да се пропушти.

Нема одговори до “Resident Evil: Afterlife (2010)”

  1. [...] акции во неговиот репертоар (Resident Evil, Resident Evil: Apocalypse, Resident Evil: Afterlife, Death Race, Death Race 2). Некои од нив се прилично добри некои [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.