Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Brasil (1985)

Година: 1985
Оригинален наслов: Brazil
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 132 мин.
Главни улоги: Jonathan Pryce, Kim Greist, Robert De Niro, See full cast & crew
Оценка: 10

Ако до сега се сомневав во генијалноста на Terry сега веќе е кристално јасно дека дека неговиот брилијантене талент во уметноста на правење филмови е сосема неоспорен! Но тој не е како другите режисери кои исто така можат да се наречат генијални, тој и неговите филмови се приказна за себе. Никако не би можел да кажам дека се школски пример за добар филм! Дури и од најкраток кадар може веднаш да се препознае негов филм, по уникатноста на белезите што ги остават врз своите филмски дела. И токму таа негова особина го прави добар! Неговите филмови се исполнети со детали, се чини дека се е поради некоја причина ставено таму каде што е и ништо не е случајно! Чудни ликови, некогаш грозни, некогаш убави, често и двете одеднаш! Дијалозите се паметни и досетливи и никогаш не се ставени за да го исполната кадарот и времето но секогаш со апсолутно оправдана причина. Секој негов филм е саркастична шлаканица врз секојдневието на човекот и сите оние работи. Во Monty Python ја исмева религијата, митовите и легендите, во Brazil бирократијата …. се што на еден или друг начин ни врши безусловна опресија. Се чини дека се буни против се што ни е без наша воља наметнато. Атмосферата во неговите филмови е суреална, неретко мрачна и на моменти тешка па дури и сосема песимистичка.

Brazil за прв пат е прикажан 1985 и е еден од ретките филмови со толку задкулисни игри и ‘војна’ зад сцената. За среќа Тери не попуштил пред големите холивудски могули и успеал да ја задржи и да ја прикаже оригиналната приказна пред публиката. Тоа е европската верзија на филмот која трае 142 минути, за разлика од двете холивудски т.е. американски верзии кои имаат речиси 10 минути кадри отсечени и додадени сцени со љубовни дијалози кои поради лошата глума на главната актерка Гилијам веднаш ги исфрла од главната верзија! Американските верзии, by the way, имаат среќен крај. Така типично!


Дејствието во Brazil се случува во утопистичко општество предводено од огромна државна бирократска машинерија. Се се документира, се се знае! Ни најмалите поправки не се вршат без да се потполни соодветен формулар, се е добро разработено и никогаш не се случуваат грешки! И токму тоа се случува на почетокот од филмот, грешка во системот поради утепана мува која ќе доведе до целосен хаос и сосема нов тек во животот на главниот јунак кој работи како најобичен чиновник. Филмот е приказна за тоа како тој ја бара љубовта на својот живот дур целиот негов живот полека почнува да се руши како кула од карти….. и се поради една најобична мува!

Деталите се извонредни, сарказмот на најголемо ниво! Сите се зависни од телевизија и од пластична хирургија, терористите подметнуваат бомби насекаде а министерот за одбрана кажува дека после 13 години успешна бомбашка кампања терористите имаат само почетничка среќа. Се е комјпјутеризирано но екраните бидејќи се 3 инчни мораат да имаат огромни леќи пред нив за да може да се прочита нешто! Тука се и секаде присутните цевки и водови кои како симбол на бирократијата се испреплетени дури и низ дневните соби, спалните, рестораните, холовите, улиците….

Лајтмотив на музиката низ целиот филм е една единствена песна која се вика Brazil :) и која прекрасно се вклопува во целиот амбиент на филмот.

Генијално дело на седмата уметност кое едноставно несмее да се пропушти.

П.С.
И мојот омилен цитат од филмот:
There’s been a little complication with my complication” :)

7.5/10

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.