Pan’s Labyrinth (2006)

Година: 2006
Оригинален наслов: Pan's Labyrinth
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 118 мин.
Главни улоги: Ivana Baquero, Ariadna Gil, Sergi López, See full cast & crew
Оценка: 10

Добитникот на овогодинешнава BAFTA за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје…и сосема со право! Кога би било право би требало да го добие и оскарот во истата таа категорија. Исто како што се оправдани сите 6 Оскар номинации, сите 25 добиени награди и 45 други номинации и 64то место (за сега) на imdb.com листата на најдобри 250 филма на сите времиња (по избор, нели, на корисниците). Во ова филмско ремек дело режисерот Guillermo Del Toro повторно се навраќа (како и во El Espinazo del Diablo) во Шпанија за времето на Франко и граѓанската војна но со примеси на фантастичното и надреалното. Изгледа дека веќе тој период од постоењто на Шпанија и фантастичните елементи во комбинација му стануваат своевидна филмска преокупација на Del Toro. Особено ако се знае дека веќе има во пред-продукција трет негов филм, под наслов 3993, кој е сместен во истото тоа опкружување.

Лавиринтот на фаунот е приказна за едно несреќно девојче кое кое бегајќи од сите проблеми и лоши нешта кои ја опкружуваат (болната мајка, злобниот очув, граѓанската војна во која е директно турната) создава свој сопствен свет во која наоѓа сопствено прибежиште. Тоа е свет на бајки, на самовили, на кралеви и принцези и се разбира на еден фаун и еден лавиринт. Филмов е приказна за човековиот сензибилитет и неговата често сурова природа. Изгледа некако детски и можеби како клишејна борба добро наспроти зло …. но не е. Филмов е се освен клише! Начинот на кој вистинскиот свет влијае врз креирањето на светот на фантазија на девојчето е сосема уникатен и за прв пат виден на филм.

Глумата е беспрекорна од сите, фотографијата и костимографијата се прекрасни а приспивната песничка која е ‘лајт мотив’ на музиката во филмот неможам да ја извадам од глава веќе неколку дена. Значи се на се ептен добар филм што несмее да се пропушти по никоја цена. Гледајте то пред оскарите за да има за кого да навивате ;)

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.